Македонија
(Видео) Јорданов: Обвинителството да отвори случај со кој ќе го испита пропаѓањето на „Еуростандард банка“
Мега аферата на СДС вториот ТАТ, пропаѓањето на „Еуростандард банка“, открива огромен сомнеж за две работи. Првата дека одредени кругови на власта поради бизнис-интереси ја втурнуваат банката во пропаст и втората, додека стотина илјади сметки се блокирани, 20 милиони евра ќе останат ненаплатени, луѓе од власта знаеле дека банката пропаѓа и пред време извадиле илјадници евра, истакна Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓу тие кои пред пропаѓањето на банката извадиле пари е и министерката за финансии Нина Ангеловска. Иако најпрво таа негираше, јавноста дозна дека последната сума која била повлечена била на само месец и половина пред затворањето на банката. Несомнено како управител на макроекономијата во државата се наметнува сомнежот дали додека сега има измамени штедачи, Нина Ангеловска ја искористила својата повластена позиција за да си ги спаси своите пари.
Од своја одговорност не може да се извлече и НБРМ, која нетранспарентно и сомнително го управуваше целиот процесот. Народната банка го одбила барањето на сопственикот за воведување на администрација.
Јавноста има право да знае за сите аспекти, бидејќи Народната банка ќе финансира и ги работи народните пари. Воедно, се поставува прашањето што работи Комитетот за финансиска стабилност за „Еуростандард банка“, Комитет во кој заедно учествуваат гувернерката на НБРМ и министерката за финансии.
Јавноста е уморна од бледи одговори и правдања, време е и Обвинителството да отвори случај со кој ќе го испита пропаѓањето на „Еуростандард банка“, кои кругови на власта спасувале предвреме пари и кои струмички фирми имале кредити во банката.
Две работи се сигурни, неспособната влада на СДСМ ја поскапе струјата и сега имаме повторно ТАТ, измамени штедачи и пропадната банка“, рече Јорданов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

