Македонија
„Визер“ нуди бесплатни летови за украинските бегалци
„Визер“ објави дека ќе ги поддржи украинските бегалци со тоа што ќе им понуди 100.000 бесплатни места на сите летови на континентална Европа што поаѓаат од граничните земји на Украина (Полска, Словачка, Унгарија, Романија).
Од компанијата велат дека се посветени да им помогнат на бегалците да стигнат до крајните дестинации, каде и да е тоа. Како што наведуваат, веќе додадени се поголеми авиони и дополнителни летови од граничните земји кон Европа за да помогнат во поддршката на движењето на бегалците доколку е потребна.
„Покрај тоа, ‘Визер’ препознава дека многу бегалци веќе почнале да се движат и може да бидат блокирани на други локации. Како таква авиокомпанијата ќе понуди билети од 29,99 евра за спасување (со исклучок на ОАЕ, Исланд и Канарските Острови), како и 69,99 евра за спасување на сите летови до ОАЕ, Исланд и Канарски Острови.
Украинските бегалци што сакаат да резервираат лет може да го сторат тоа со посета на: https://wizzair.com/#/rescue. 100.000 бесплатни седишта и билетите за спасување ќе бидат достапни за патување во текот на март. Од патниците ќе се бара да го дадат својот украински пасош/број на лична карта за време на резервацијата и да го покажат својот украински пасош/лична карта при пријавувањето.
Патниците сè уште се охрабруваат да ја проверат нашата веб-страница бидејќи може да бидат достапни и пониски цени. Како и да е, сакаме да обезбедиме сите украински бегалци да имаат пристап до прифатливи патувања, без разлика каде се наоѓаат во овој период на криза“, соопшти компанијата.
„Нашите срца се со украинскиот народ за време на оваа криза. Посветени сме да им помогнеме на што е можно повеќе украински бегалци да стигнат до безбедно место поради што ќе им понудиме 100.000 бесплатни места од пограничните земји и специјални цени за спасување на сите други летови. Веќе видовме големи хуманитарни напори на терен од страна на нашите луѓе во мрежата и како компанија сакавме да ја одиграме нашата улога во овие напори. Ние би биле среќни да обезбедиме безбедно патување за бегалците“, изјави главниот извршен директор, Јозеф Варади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)
Македонија
Јаневска: Со универзитетите го подготвивме и со конструктивна дебата ќе го завршиме Законот за високото образование
Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на Законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.
– Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот, додаде Јаневска.
За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.
– Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија, рече Јаневска.
Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.
– Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк, изјави Јаневска.

