Македонија
Виртуелни рочишта – практична алатка за кратење на времето и трошоците во постапките
Судиите при Основниот кривичен суд Скопје учествуваа на oнлајн-работилница за размена на судски искуства меѓу претставници на правосудните органи во Соединетите Американски Држави и Северна Македонија на тема „Водење виртуелни рочишта“.
Конференијата ја отвори Амбасадорката на САД во земјата, Кејт-Мари Брнс, а своите искуства за организирање и придобивки од водење виртуелни рочишта на Флорида, САД, со колегите од Кривичниот суд во Скопје, ги споделија судиите Лесли Р. Хофман, Ембри Ј. Кид и Пол Ј. Бајрон, и тоа на теми поврзани со:
– македонските искуства при претходна постапка и главна расправа,
– почитување на правата на обвинетите,
– правни и логистички пречки при виртуелни судења и
– адресирање на можни проблеми во жалбена постапка,
Сето тоа во контекст на организирање виртуелни, односно водење постапка преку телефонска или видеоконференциска врска.
Во согласност со препораките на Светската здравствена организација за заштита од ширење на Ковид-19, како и можноста за поголема ефикасност и економичност на постапките, искуствата на судиите од САД се од големо значење за судството во земјата за развој на нова платформа за судење. Примената на виртуелните судења може да бидат практична алатка за редуцирање на времетраењето и трошоците во постапките, но воедно мора да овозможат доследно почитување на правата и обврските на странките во постапката. Затоа, со помош на меѓународните искуства, но и со одредени законски измени и дополнителни технички приспособувања, овие судења во иднина треба да станат пракса и во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

