Македонија
(Видео) Вкупно 82 години казна затвор за напаѓачите на Села
Тројца од седумтемина напаѓачи на пратеникот Зијадин Села за време на немирите во Собранието од 27 април добија казна од 13 години затвор, а четворица по 10 години и 6 месеци.
За обид за убиство на Села, обвинетиот Кире Ѓорѓиевски е осуден на 13 години, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. Половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Обвинителот Дарко Јакимовски побара притвор до правосилноста на пресудата, а за двајца се бара куќен притвор поради влошената здравствена состојба. За останатите е побарано да им се продолжи притворот.

Некои од сега осудените за време на инцидентот го собориле Села на подот и го газеле и гмечеле со што дополнително предизвикале чувство на несигурност кај присутните.

Самиот влез во Собранието и нападот над пратеник, носител на законодавната власт, е отижителна околност, а, пак, слободното движење низ законодавниот дом е доказ дека осудените свесно влегле внатре.

Дејствијата преземени од Александар Јаневски – Тошта и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот. За Кире Ѓорѓиевски, според судот, најотежителна околност е што го удрил Села во пределот на главата, кога оштетениот не давал знаци на живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

