Македонија
Владата на Ковачевски за три години двапати набавува софтвери за 40 милиони евра, а институциите молчат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата на Ковачевски за три години двапати набавува софтвери за 40 милиони евра, а како што велат, институциите молчат.
„Владата пред три години додека Рашковски е генерален секретар на владата набавила софтвери за 15 милиони евра, тоа е една од набавките заради која падна Рашковски, за сега владата на Ковачевски исто така да набави софтвери од истата фирма, но за 25 милиони евра.
Дали фирмата која набавува софтвер за владата е избрана затоа што во истата доминантна улога има колега на Ковачевски?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија ги повикаа ДКСК и институциите да истражат како е избрана фирмата и како се постигнати цените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.
Македонија
(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината.
Како што истакна градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата се уште е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, се до село Кучевиште.
„Ситуацијата е сериозна, динамична и бара постојано вклучување на сите расположиви ресурси. Пожарот зафати густа, нискостеблеста и мешана шума на многу непристапен терен“, вели тој.
Појаснува дека и силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарот.
„Она што ме загрижува и што сакам да го алармирам е тоа дека забележувам спора реакција од надлежните институции во однос на гаснењето на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна”, рече тој.
Градоначалникот потсети дека вчера Владата презентираше некаква подготвеност за справување со пожарите со хермелините.
„Зошто досега не се употребени. Јас забележав само еден. Од вчера до сега се уште да не се стави под контрола пожарот кај Блаце и цело Чучер Сандево. Во моментов имаме три активни пожари. Аалрмирам на итна мобилизација. Како градоначалник на општината имам должност да се грижам за безбедноста на жителите“, потенцира тој.