Македонија
Владата: Од утре забраната за движење почнува од 21 часот, терасите на угостителските објекти ќе работат до 20.30 часот
На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување ширење на Ковид-19.
Со овие измени и дополнувања од утре, забраната за движење на населението и на возила од јавниот превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи од 21 до 5 часот наредниот ден.
Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан-бајрам.
Почнувајќи од 28 април, сите угостителски објекти ќе може да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти, и тоа до 20.30 часот по што треба да бидат затворени за посетители.
Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе може да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично останува.
Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата што се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и досега.
Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните – протоколот за отворање и работа на кафетериите, протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19.
Во согласност со препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбалници, фитнес-клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање во затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор во согласност со соодветниот наменски протокол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

