Македонија
„Влен“: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри
Од „Влен“ со потсетување дека изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ.
„Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет.
Од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата влада. Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро ќе се вратат на власт“, велат од „Влен“.
Продолжува, како што велат, нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот.
Ова раководство на ДУИ, според коалицијата, уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците сеуште им веруваа дека навистина се борат за нивните права.
„Времето на тие заблуди одамна заврши. Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси. Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година“, потенцираат од „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УЈП најави привремен прекин на електронските услуги од 16 часот
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници.
Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.
Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Македонија
Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство
Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.
„Донесувањето на овој закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики“, се наведува во соопштението од Владата.
Од таму појаснуваат дека со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет.
Дополнително, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се воведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одговорност на самите јавни обвинители. На овој начин се зајакнува довербата на граѓаните во институциите и се воспоставува појасна одговорност во работењето на обвинителството.
„Владата останува цврсто посветена на реформите во правосудството како приоритет од највисок јавен интерес и како неопходен предуслов за напредокот на државата на европскиот пат. Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е конкретен доказ за определбата да се градат силни, независни и професионални институции, во служба на граѓаните и владеењето на правото“, се наведува во соопштението.
Македонија
Лимани: Нашиот пристап кон развојот на Гостивар е планиран, еднаков и инклузивен
Кандидатот за градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кажа дека нивниот пристап кон развојот на градот е планиран, еднаков и инклузивен. Тој денеска на прес – конференција презнетираше дел од проектите од неговата изборна кампања.
„Еден од најважните проекти е изградбата на новиот мост над реката Вардар, наречен „Мост на слогата“. Сите административни и правни постапки за овој проект се завршени и напролет започнуваат градежните работи. Мостот ќе има четири сообраќајни ленти, велосипедски патеки и безбедни тротоари за пешаци. Тој ќе ги поврзе градските населби, ќе го олесни сообраќајот и ќе даде реален поттик за економскиот развој на Гостивар“, рече Лимани.
Паралелно, додаде тој, го започнавме и трансформирањето на главниот булевар на градот.
„Тој веќе е завршен до близина на Домот на културата, во должина од 1.657 метри, со четири функционални сообраќајни ленти. Исто така, постигнавме договор со сопственикот на еден од објектите што го попречуваше проширувањето на коловозот, конкретно објектот меѓу општинската зграда и постојниот мост над реката Вардар. Проектот е изготвен и напролет започнува реализацијата на работите за овој дел од Булеварот. Во тек се интензивни разговори и со сопствениците на објектите во другиот дел од Булеварот, од крстосницата на улица ЈНА со крстосницата кон Градската болница. Разговорите се конструктивни, со меѓусебна доверба, и очекуваме договорите да се финализираат во краток рок. Булеварот ќе се претвори во урбано срце на Гостивар, со модерно осветлување, велосипедски патеки и зелени површини за граѓаните. Тој ќе биде функционален и социјален простор, каде што градот се развива заедно со неговите жители. Нашиот пристап кон развојот е планиран, еднаков и инклузивен. Секој граѓанин, во секоја населба и во секое село, ќе биде дел од оваа трансформација. Ви благодарам за вашата доверба. Со визија, работа и одговорност, ќе продолжиме да градиме посилен и помодерен Гостивар – со Гостивар во срцето’, рече Лимани.
На 11 јануари во четири општини: Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се одржат локални избори, затоа што на изборите што се одржаа во октомври не беше постигнат минималниот процент на излезеност на првиот круг односно помалку од законскиот минимум од 33,33 отсто.

