Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека министерот за здравство, Меџити, живее во куќа од речиси милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец
Додека Меџити живее во куќа од речиси милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лекот „трикафта“ и понатаму го нема за сите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека пет месеци пациентите со цистична фиброза се оставени без лекот „трикафта“.
„Пет месеци Владата на СДС, ДУИ и Алијансата за Албанците не може да обезбедат лек за сите 140 пациенти. Нов министер, стари проблеми. Пациенти умираат, другите едвај преживуваат, а министерот за здравство, Меџити, наместо да даде јасен одговор, изјавува дека не зависи сè од него.
Па јавно прашуваме, ако Владата и министерот за здравство, Меџити, не може да набават лек за 140 пациенти, тогаш како може да очекуваат граѓаните да ги подобрат состојбите во здравството?
Бараме под итна реакција од надлежните и одговор од министерот за финансии, Фатмир Бесими, уште колку ќе се чека лекот да биде набавен?“, прашаа од опозициската партија.
Како што велат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за законските измени сè со цел да се обезбедат потребните финансиски средства за лекот, а лек сè уште нема.
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата на СДС, ДУИ и Алијансата за Албанците дека ги дели луѓето и по болест и целосно го урнаа здравствениот систем.
„Доста е од негрижата и неспособноста на Владата. Потребни се итни промени“, порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.
Македонија
Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали
Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.

