Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судството да се ослободи од стегите на власта и случајот со поткупот да го истера до крај

Објавено пред

Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзалната сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните. Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер, a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, граѓаните имаа можност да го слушнат и оштетениот бизнисмен, кој и пред судот опиша како Заев му бара евро за квадратен метар за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери за каков корумпиран човек станува збор.

„Зоран Заев со државата се однесува како да е негов сопствен картел. Ги зароби судството и институциите и за да се спаси себеси, ги користи за да врши политички прогон на неистомислениците. Додека рочиштата на Заев траат со месеци и се одложуваат со нелогични изговори, рочиштата против неговите политички неистомисленици експресно се процесираат. Поради притисоците на власта, правдата не важи за сите еднакво. Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите на картелот на власт и случајот со поткупот да го истераат до крај. Законите мора да важат еднакво за сите, а Република Македонија да стане држава во која владеењето на правото ќе биде единствениот принцип по кој ќе се водат институциите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени денес даруваат крв по повод 60 години Уставен суд

Објавено пред

Со дарување крв вработените во Уставниот суд слават 60 години постоење на судската установа. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека крводарителската акција е само една од акциите кои ќе ги спроведат за одбележувањето на јубилејот.

dobivaj vesti na viber

„Уставниот суд на Република Северна Македонија оваа година слави значаен јубилеј. Тоа е 60 години од постоење на судот. Веќе беше најавено дека во текот на целата година во Судот ќе се преземаат најразлични активности токму заради одбележување на овој значаен јубилеј. Самите вработени дадоа идеја една од акциите кои ќе се спроведуваат во Судот да биде и крводарителската акција, што значи Судот ја покажува и онаа хумана страна. Повеќе од половина од вработените се пријавија за давање крв, што значи од вкупно 60 вработени повеќе од 30 денес се согласни да дадат крв“, рече претседателката Кацарска.

Крводарителската акција е под мотото „Биди хуман спаси живот“, а ја реализира Црвениот крст на Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска во увид на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска

Објавено пред

Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.

dobivaj vesti na viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.

Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Биди хуман- спаси живот”: крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето

Објавено пред

Уставниот суд денеска организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман- спаси живот” која ќе се одржи во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот.

dobivaj vesti na viber

Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење.

Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени над 30 дарители од Уставниот суд, меѓу кои и судии и советници од стручната служба.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија2 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Времето денес е сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб...

Македонија2 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Регион2 часа

Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија

Утрово во 07:42 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти...

Економија20 часа

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија21 час

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија22 часа

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија23 часа

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа1 ден

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет1 ден

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет1 ден

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...

Свет1 ден

(Видео) Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај...

Свет1 ден

Бела куќа: Бајден разговараше со Нетанјаху, ја повтори својата позиција за инвазијата во Рафах

„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија2 дена

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет2 дена

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија2 дена

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија2 дена

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија2 дена

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...

Свет2 дена

(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени...