Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев да се соочи со правосудните органи
Партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно потсетува дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев и по три недели од одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“ се уште молчи и не и одговори на јавноста зошто го избегна судењето.
„Аболицираниот Заев пред три недели по петти пат избега од законот и на кукавички начин го лажеше судот и јавноста дека има приватни обврски за да го одложи рочиштето. Тој излажа дека ќе се сретне со италијанскиот амбасадор само за да го избегне рочиштето за случајот „Поткуп“, криминал од над 200.000 евра во кој беше фатен „жив““, велат од партијата.
Тие бараат тој да собере храброст и да се соочи со правосудните органи и македонската јавност и да признае дека свесно лажел за да го избегне рочиштето.
„Молчењето изминатите три недели го дава потврдниот одговор за неговата вина. Аболицираниот Заев се сретнал со неговиот соработник Стојан Витанов, кој бил причината за изигрувањето на судските органи. Стојан Витанов е еден од неговите блиски соработници, управител и овластено лице на Младински Совет Струмица, организација преку која кланот Заеви испумпаа милионски суми, пари на струмичани. Ги повикуваме надлежните органи и Судот да преземат законски мерки за овој случај, да ги занемарат притисоците за реизбор на судии од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев и да го разрешат овој случај“, велат од партијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на композиторот Живоин Глишиќ и на ликовниот уметник Беди Ибрахим.

