Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара владата да се огради од анти-НАТО ставовите на Раштаковски
ВМРО-ДПМНЕ побара од новата влада да се огради од ставовите на новиот генерален секретар Драги Рашковски и да го огранички, како што велат, неговото анти НАТО делување.
„Зошто не за влез во НАТО? Првин затоа што не не’ сакаат. Второ, поради економскиот проблем, бидејќи Македонија е премала да трпи оптоварувања што се наметнуваат со акции за нашето приближување во НАТО. И трето, ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни го гарантиратоа бидејќи парите и љубовта го вртат светот, но НАТО бомбардира“, напишал Раштаковски, според ВМРО-ДПМНЕ, во книга објавена од Правниот факултет.Тие цитираат и негови критики за НАТО затоа што борците на ОНА во 2001 ги нарече борци за човекови права а не терористи.
„За терористите имаа и храна и облека. Под тезга им даваа оружје. Граѓаните на Куманово немаа вода за пиење за што не можеа да преговараат. Колебајќи се како да ги крстат на крајот решија терористите да ги викаат борци за човекови права“, го пренесува партијата ставот на Раштаковски тогаш.
„ВМРО-ДПМНЕ ги цени за несоодветни, за контраверзни и за осуда ваквите ставови на генералниот секретар Рашковски, пријателот на Зоран Заев. Влезот во ЕУ и во НАТО треба да остане приоритет на Македонија, но и на сите нејзини високо рангирани функционери, посебно на генералниот секретар на владата на СДСМ. Но не сакаме понатаму ваквите ставови на генералниот секретар на владата на СДСМ, кој НАТО ги нарекува терористи и организација која што бомбардирала цивили, да бидат проблем за имиџот на целата држава, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто така сметаме дека во новата влада не би требало да има ниту место за луѓе кои што тврдеа дека ќе се лее крв по улиците за да падне режимот како што го тврдеше тоа господинот Едмонд Адеми во свој фејсбук статус, а денес за жал е министер во владата на Заев одговорен за македонската дијаспора“, стои во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

