Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во РКЕ
Слугата на мафијата, Марко Беслимоски, не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија за енергетика, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквиот потег на Беслимоски е невиден преседан – народни избраници, кои се избрани преку волјата на народот, да не бидат примени во државна институција да поднесат барање. Иако ВМРО-ДПМНЕ има уредни барања до Регулаторната комисија, сепак наиде на затворени врати и не се дозволи тие да бидат примени во институцијата.
Првото барање е враќање на старата цена на струјата, што значи поевтина струја за народот, и второто е професионализација на Комисијата, односно оставка на нејзиниот претседател Марко Беслимоски, и на членовите што функционираат како продолжена рака на Владата.
ВМРО-ДПМНЕ бара поевтина струја затоа што во Македонија владее голема сиромаштија, а над 100.000 граѓани живеат со 50 денари дневно.
Беслимовски, наместо да му служи на народот, тој му слугува на Заев, а го кодоши сопствениот народ. Заев и Беслимовски во штабот на СДСМ ја креираат цената на струјата со која го осиромашуваат народот и го газат неговото достоинство. Партиска инсталација како Беслимовски не може да раководи со тело што треба да биде независно и затоа мора да биде сменет.
ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите намери, ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во реакцијата на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

