Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче против СДС и граѓаните, не сака да се градат проекти и да се решаваат проблемите

Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На овој начин Венко Филипче покривајќи ја сопствената безидејност и меконструктивност всушност е против СДС, проектите за граѓаните и кредитите за бизнисот што ќе значи отворање на нови работни места и силна економија“, велат од партијата и додаваат:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат во Варшава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Варшава, Полска, ќе учествува на неформален работен ручек во т.н. GYMNICH формат – состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.
Учеството на министерот Муцунски се остварува на покана од министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, во рамки на полското претседателство со Советот на ЕУ.
Дискусиите ќе бидат фокусирани на актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на градењето отпорност кон хибридните закани.
Во рамки на престојот во Полска, министерот Муцунски ќе ја посети меморијалната поставка во Треблинка и ќе положи цвеќе на спомен-обележјето на депортираните македонски Евреи.
Македонија
Германска поддршка за земјата во Берлинскиот процес

Меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда од Планот за раст, оствари средба со Михаел Рајфенштул, директор за Југоисточна Европа во Германското министерство за надворешни работи.
Претседателот на Групата и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски, го истакна важниот момент за одржување на средбата, а тоа е формирањето нова германска влада, момент битен и за нашата земја и за Регионот. Во очекување се подобри резултати на германската економија, што има директно влијание кај нас и нашите соседи, со оглед на тоа што Германија е најважниот трговски партнер.
Исто така, како битно, Милошоски го издвои и вклучувањето на Парламентите во Берлинскиот процес, како додадена вредност. Берлинскиот процес го означи како порелевантен проект за приближување на Западен Балкан кон ЕУ од Проектот Отворен Балкан, кој не беше инклузивен, односно не ги вклучуваше Црна Гора и Косово, и со самото тоа не беше комплетен. Од друга страна, во Берлинскиот процес, кој започна во 2014 година, покрај шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, учествуваат и 9 земји членки на ЕУ, како и Велика Британија, која пак од јуни ќе го презеде претседавањето од Германија.
Во својата прва посета на Скопје, политичкиот директор Рајфенштул, истакна дека е тука, пред сѐ, да слуша, да ги слушне овдешните искуства, впечатоци, и да научи од нив. Изрази задоволство од неодамнешното формирање на оваа Група, која е политички мешана, што е показател за демократијата. Тој информира дека германската новоформирана влада се соочува со голем број предизвици, но останува посветена на Берлинскиот процес, кој се темели на три столба, и тоа: поддршката за проширување на ЕУ, регионалната енергетска соработка и добрососедските односи. Приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ е нужност која треба да се случи што поскоро, а билатерализмот нема што да бара во пристапниот процес – беше дециден Рајфенштул.
Присутните пратеници го пренесоа евроскептицизмот кај граѓаните, со оглед на тоа што сме долго во чекалницата на ЕУ поради билатерални прашања и нови и нови услови за отворање на преговорите. Ставот е дека билатералните спорови се злоупотребуваат и служат како изговор за блокада на евроинтегративниот пат. Се побара германска поддршка за надминување на овие спорови и движење напред, онаму каде што припаѓа земјата – во европското семејство. Од проширувањето никој нема да загуби, напротив, ЕУ ќе добие на тежина, а Западен Балкан ќе биде онаму каде припаѓа.
Македонија
„Направи чекор“ – aгенцијата за европски образовни програми организираше еко-смарт настан

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, како дел од новата кампања „Направи чекор“, со цел одржливо делување и иновативен пристап кон младите.
Настанот вклучи донација на смарт (паметна) клупа и еко-акција за садење дрвја, реализирана во соработка со студентите и раководството на Домот. Смарт клупата овозможува соларно полнење на мобилни уреди, а новозасадените дрвја симболично го претставуваат вложувањето во одржлива и зелена иднина. За реализација на садењето, садниците беа обезбедени од ЈП Национални шуми, за што беше упатена благодарност до директорот на претпријатието, Здравко Трајанов.
На настанот присуствуваа студенти од Универзитетското студенстско собрание на УКИМ, од студентскиот дом “Гоце Делчев”, директорот Александар Каровски и претставници од управата на Студентскиот дом, како и вработени и директорот на Националната агенција, Петар Богојески.
Од Националната агенција велат дека преку ваквите активности се демонстрира нов пристап на отвореност, достапност и блискост со младите, како и поинаква, непосредна комуникација. Со секоја нова иницијатива, додаваат, Агенцијата ја засилува својата заложба да ги надмине бариерите меѓу институцијата и младите.
„Преку кампањата „Направи чекор“, НАЕОПМ се позиционира како отворена институција – сè појасно препознатлива, не само како повик, туку и како конкретен патоказ: да се отворат вратите кон европските програми, да се охрабрат младите да станат активни корисници и да го трасираат сопствениот пат кон образование, вмрежување и успех“, велат од агенцијата.