Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во ек на пандемијата владата се луксузира и мести тендери на свои блиски
Забеганоста на власта предводена од СДСМ нема крај. Во ек на пандемија и економска криза Владата на СДСМ се луксузира. Додека граѓаните немаат леб за јадење, власта се дрзнува да набавува 3 тони кафе како и пола тон апетисани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека граѓаните умираат од вирусот Ковид-19 и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните. Во ек на пандемија СДСМ си мести тендери на свои блиски. Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра. А, како резултат од работата на владејачката партија се над 100 илјади граѓани кои се соочуваат со отказ, граѓани оставени без приходи и претпријатија пред колапс.
А, угостителите веќе втор месец се без работа. Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат. Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата.
Економијата за која Заев и Ангеловска тврдеа дека блеска колабираше по само два месеци криза. За сето ова што се случува граѓаните ќе го казнат СДСМ. Крајот на СДСМ се ближи“ велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

