Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во работната група СДСМ како да пресликал своја општинска организација, меѓу кадрите набљудувач на кампањи во Русија
СДС во работната група за уставните измени како да пресликал своја општинска организација, сите кадри на Кацарска-судството и дежурни платени пера на СДС и ДУИ сакаат да го кројат Уставот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека ниту еден експерт, интелектуалец од областа и професор не сака да биде дел од циркусот на власта, па најдоброто што го предлагаат се партиски луѓе и поранешни функционери извадени од пензија. Кога во врвот на списокот на СДС е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, јасно е колку таа работна група навистина е експертска и независна. Одиме со ред.
Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска, е судијата што им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој има куќа во Гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје. Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогодишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита (Цаца) Николовска, кадар на СДС од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур.
Бајрам Положани, дежурен поддржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци. Ана Чупеска, која себе си претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење новинари и нивно затворање. Самата Чупеска му даде поддршка на Бранко Тричковски, кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии, како „Телма“ и „Алфа“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека по мерка на СДСМ е и Јагода Митревска, која нагласува дека има искуство од набљудување кампањи во Русија. Па, така, од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на уставните измени во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На листата експерти на СДС се најдоа и нивните дежурни поддржувачи во дебатните емисии, како Марија Пандевска и Јетон Шасивари. Составот на работна група е доказ дека СДС и ДУИ не уживаат никаква поддршка за своите политики во стручната јавноста, па морале да вадат партиски луѓе, кои ги користат како дежурни напаѓачи врз ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери и луѓе со контроверзни ставови“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

