Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу” студентите повеќе од две недели немаат парно
Повеќе од 2 недели студентите мрзнат затоа што немаат парно и греат вода, а со минусните температури им се отежнуваат условите за престој. Причината е поранешниот „способен директор” на ДСД Скопје, Дарио Н. сега веќе директор на Агенција за Енергетика, кој не распишал тендер за екстра лесно гориво за затоплување на домот, затоа што знаел дека ќе си оди, па баш му е гајле за студентите оставајќи ги на милост и немилост, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ За жал, па и новиот директор Виктор Василевски не мрднува ни со прст, тоа е таа иста матрица. Ама затоа тука е „способната” министерка Мила да ја покаже грижата и за студентите. Но, останува да се види нејзината способност, а дотогаш ,,студентите да издржат на студот” и да следат МЕТЕО може времето ќе биде наклонето на МИЛА т.е. ќе се затопли…кој ПАРАДОКС!
Министерке, гледаме дека воопшто времето не е наклонето. Преземете ги веднаш сите потребни мерки за основни услови за живот на студентите во зимскиот период!“ порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

