Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги објави предлозите за технички министри
Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски, Гордана Димитриеска Кочоска и Невенка Стаменковска Стојковски се предлозите за технички министри и заменик-министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години.
Мизрахи е предложена за технички министер за труд и социјална политикa, Цветан Трипуновски ќе биде предложен за нов заменик-министер за земјоделие, а за заменик-министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска-Кочоска.
За нов заменик-министер за информатичко општество и администрација ќе биде предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Избрани се 50 најдобри средношколски идеи – започна трката за милион денари!
Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk.
Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за талентирани средношколци.

Во првата фаза учениците имаа можност да се пријават и да ја опишат својата идеја и нејзиниот потенцијал за решавање реален проблем. Во следната фаза кандидатите ќе ги изложат своите идеи пред јавноста, која ќе гласа за најдобрите 20 кои ќе ја продолжат битката за големата награда – еден милион денари.
„Оваа генерација средношколци не само што има идеи – тие размислуваат зрело, креативно и амбициозно. Нашата мисија е да им помогнеме да го претворат потенцијалот во реални решенија,“ – велат од Бреинстер Некст Колеџ.
Од денес започнува и втората фаза, во која ќе има официјално гласање за идеите на платформата milioner.mk каде што секој еден може да дознае повеќе детали за секоја од 50-те најдобри идеи и да гласа по еднаш за максимум 10 бизнис идеи предложени од амбициозните средношколци од цела Македонија. Гласањето ќе биде затворено на 16 ноември.
Најдобрите 20 идеи ќе влезат во последните две фази, во кои со поддршка од ментори ќе се подготвуваат за големото финале и борбата за освојување на 1.000.000 денари.
Целта на натпреварот „Средношколец Милионер“ е да ги поттикне младите во Македонија да размислуваат претприемнички, креативно и иновативно, да препознаваат реални проблеми во својата околина и да предлагаат одржливи решенија со потенцијал за развој во вистински бизнис.

„Кога бев средношколец, и јас имав многу идеи – но немаше каде и како да ги претворам во нешто реално. Пред 10 години кога го започнав Бреинстер, наидов токму на ваква поддршка каква што нудиме денес за оние со најдобрите идеи, односно даваме шанса каква што ни била дадена нас од луѓе кои веруваа во визијата за Бреинстер. Затоа верувам дека „Средношколец Милионер“ е многу повеќе од натпревар – тоа е шанса младите денес да направат нешто што нашата генерација немаше шанса да го направи додека учеше во средно школо. И да видат дека идејата вреди само ако се обидеш да ја спроведеш,“ вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер, додавајќи дека токму ваквите иницијативи создаваат нова генерација млади луѓе кои не чекаат приликата – туку самите ја создаваат.
Преку натпреварот, Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за талентирани средношколци создаваат најголема платформа за младинско претприемништво во земјата, со мисија да ги подготват средношколците за идни професии и да им покажат дека идеите можат да станат реалност – со вистинска поддршка, знаење и труд.
Натпреварот не е само трка за награда од 1.000.000 денари, туку патување на учење, развој и инспирација, кое им овозможува на младите да изградат самодоверба, лидерски способности и вистински бизнис-дух.
(ПР)
Македонија
Здружението на пензионери на oпштина Центар: Се надеваме дека соработката со Герасимовски ќе продолжи во иднина
Здружението на пензионери на Општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи.
„Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот“, истакна Герасимовски.

На средбата се разговараше и за новата програма во која се предвидува изградба на дом за стари лица, во кој највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена, извести Герасимовски.
Здружението изрази надеж дека одличната соработка со општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски ќе продолжи и во иднина.

Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа, се додава во соопштението од Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.

