Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си поднесе оставка, потребно е расветлување на серијата изборни нерегуларности

Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо, е наведено во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри“, стои во писмената реакција од оваа партија.
Во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев, како што пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ, доживеале дебакл и затоа треба да си одат.
„Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти. Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред сè полицијата за партиски цели. Мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби“, се потенцира во писмениот допис од оваа партија.
„Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот. Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.