Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека директорот хармоникаш пее и лумпува во кафeани, во РЕК „Битола“ се случува тотален колапс, надвор од функција се трите блока
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека се случува тотален колапс на енергетскиот систем во Македонија со оваа, како што ја нарекуваат, криминална власт на ДУИ и СДС.
„Трите блока во РЕК Битола се надвор од мрежа и не произведуваат електрична енергија.
Наместо производство на струја од РЕК Битола, државата е доведена да увезува скапа струја, се со цел да не дојде до поголема хаварија на постројките без внатрешно напојување.
Додека се случува оваа хаварија во РЕК, директорот си ја работи својата вистинска професија свирејќи на хармоника и лумпувајќи по кафани. Ова е вистинската слика во енергетскиот систем – кога музикант ќе го поставите за директор на најголемиот енергетски субјект во државата – колапс“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, криминалната власт на ДУИ и СДС треба да им одговори на граѓаните:
Дали на повидок е нов криминален тендер за санација на штетите во РЕК Битола?
Колку ќе платат граѓаните за набавената скапа интервентна електрична енергија за да функционира енергетскиот систем, додека се вон функција се Блок 1,2,3?
Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако се знае дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500.000 евра?
Дали свесно, власта на ДУИ и СДС сака да го уништи РЕК Битола?
За ваквиот хаос и колапс во енергетскиот систем, оценуваат во партијата на Мицкоски, за целиот криминал направен во РЕК Битола, за минимумот во хидро – потенцијалот, за хакерските напади во МЕПСО, за нефункционалноста и лошото ремонтирање на другите производствени капацитети за производство на електрична енергија, многу скоро ќе има одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

