Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е на дното, обвинителството работи за власта
Партијата ВМРО-ДПМНЕ и забележува на владата за економската политика и работата на обвинителството.
„Владата на СДСМ секој ден ја носи македонската економија поблиску до бездната. Економските политики на владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот. Раководењето на СДСМ со буџетската каса за само 9 месеци ги задолжи граѓаните на Македонија незамисливи 1.5 милијарди евра, пари со кои не се започна ниту еден капитален проект“, соопштуваат од партијата.
Тие велат дека, владата на СДСМ уште еднаш го докажа своето расипничко работење со креираниот долг од 1.5 милијарди евра и реализацијата за месец јануари на само 1 отсто од капиталните инвестиции предвидени за оваа година.
„Резултат на економските политиките на СДСМ е и падот во градежништвото за 48,6 проценти споредбено со лани. Дека сите економски индикатори се во слободен пад доволен доказ е и бруто домашниот произовод кој минатата година стагнираше на нула проценти и е најлош во регионот“, сметаат тие.
Според нив патриотите кои први го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ на секое поле, први на своја кожа го почувствуваа политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт.
„Се најдоа во притвор со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалните, суштински проблеми на граѓаните кои ги креираше владата на СДСМ. Обвинителството под командата на Заев и сервилно, како што тој самиот кажа, штанца обвиненија за сите негови политички неистомисленици. Судовите се главни соучесници во политичкиот прогон“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

