Македонија
СДСМ: Економските политики на владата даваат резултат, намалена е невработеноста
Според последните официјални податоци, стапката на вработени лица во последното тромесечје од 2017 година е зголемена и изнесува 44,3 отсто, што е повеќе во однос на истиот период од 2016 година кога стапката на вработеност изнесувала 43,5 отсто, соопшти утринава СДСМ.
Дополнително, во последниот квартал од 2017 стапката на невработност е намалена и изнесувала 21,9 отсто. Тоа е намалување во однос на последните три месеци на 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто.
Ова, според СДСМ, е уште еден официјален показател којшто докажува дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се успешни и даваат реални и видливи резултати.
„Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати и нови работни места. Изработен е нов и подобрен Оперативен план за мерки за вработување, којшто заедно со мерките содржани во Планот за економски раст сериозно ќе влијаат врз подобрување на стапката на вработеност, намалување на невработеноста и интензивирање на економскиот раст“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.