Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку гасификацијата богати свои пријатели
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев и градоначалник на Струмица, збогатил пријатели преку гасификацијата на општината.
„Заев смислил идеална шема преку неговиот пријател Митко Андреевски како да испумпа милиони од џебовите на граѓаните. Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга, Билјана Станголева, во семејна куќа на улица „Атанас Раздолов” во скопската населба Драчево која е во сопственост на нејзините родители Станголеви. Значи фирма без имот, регистрирана во куќа, со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица и врти милиони секоја година. Ако е и од Заев, многу е“, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ
Појаснуваат дека Митко Андреевски, инаку Претседател на комисијата за енергетика во СДСМ, преку фирмата Си-Ен-Џи набавува и им продава гас на струмичани за цена два ипол пати повисока од онаа што ја купува.
„Партиската фирма на СДСМ во периодот од 2011-та година до денес од општинската каса има инкасирано над 2,5 милиони евра и тоа преку три тендери за набавка на гас кои се единствено направени за набавка на гас во Општина Струмица. Имено, Општина Струмица за 1 м3 плаќа 24 денари, додека пак ЕЛЕМ кој набавува гас за греење за скопјани плаќа 13 денари за 1 м3 и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните“, пресмета Костовски.
Порачаа дека Зоран Заев се богати на грб на граѓаните, а ќе сноси одговорност и мора да одговара./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Крушево, измерени -8 степени
Утрово најстудено било во Kрушево кадешто се измерени -8 степени, -7 било во Битола, Прилеп, Mаврови Анови и Крива Паланка, -6 Тетово, Пожаране и Берово, -5 Претор, Охрид и Попова Шапка, -4 Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 во Штип, 3 во Гевгелија.
Времето денеска
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.
„Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.
Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.
Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?
За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
Не проаѓаат измислени оправдувања, потребна е одговорност.
СДСМ ги повикува ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага за најновиот скандал што го откри АКТ.
Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)

