Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса нема да го поддржат изборот на Џафери за собраниски спикер
ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.
Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на владиното мнозинство, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер.
Мицевски рече дека во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.
„Ова владејачко мнозинство нема да го поддржи предлогот Талат Џафери, по се она што се случуваше во изминатите 3 години. Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова пак истакна дека изборот на собранискиот претседател не треба да биде политчки пазар помеѓу владината колација кој треба да биде главниот чувар на Деловникот и процедурите.
„Јас сум една од оние што се борам за лимитирање на мандатите. Политиката не треба да биде функција туку занимање. Џефери е на функции веќе 19 години и мисалм дека тоа е предлого и затоа сум за лимитирање на мандатите. Се констатираше 117 седница имаше кворум и можеше на истата седница да се реализираат сите точки. Но, таа беше прекината затоа што немавте поддршка од 61 глас. Претседатлот мора да биде човек на Парламентот, а не човек на Владата“, заклучи Силјановска Давкова.
И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

