Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката со која директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски

Здравствениот систем во Македонија, наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Па, така, Клиниката за хематологија, со која директорува Пановска, како по правило ја продолжува праксата да доделува тендери на веледрогеријата на Пановски. Или со други зборови, Клиниката кај што е директор ќерката, доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото.
Оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра. Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не ѝ било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад?“, прашуваат од опозициската партија.
Ова, според нив, е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува. Ова, како што додаваат, е дел од еден систем што го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните, а пред сè, на пациентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.