Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски постави декани на раководни позиции во СДСМ, тоа е спротивно на законот
„Пиунот Ковачевски го компромитира УКИМ, челници на факултети спротивно на закон поставени на раководни позиции во СДСМ.
Пиунот Ковачевски, по стапките на Заев од прв ден почна да крши закони. Ковачевски го погази Законот за високо образование со назначувањето на Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн за член на ИО на СДСМ, но и со назначувањето во истото тело на Ана Данева Маркова, која е продекан на медицинскиот факултет.
Ралев и Маркова Данева според закон не смеат да имаат функција во политичка партија, бидејќи функцијата декан и продекан не се споиви со партиска функција, тие се челници на факултети и треба да бидат гарант за независноста и автономноста на факултетот.
Ако намерата на Ковачевски, Ралев и Маркова Данева била искрена тие ќе си поднеле оставки од функциите на факултетите пред да бидат назначени во СДСМ, бидејќи и Ралев и Маркова Данева знаеле и морале да знаат дека тоа што го прават е незаконски. Самиот факт што не го направиле тоа говори дека тие ги злоупотребуваат позициите на факултетите во политички цели.
Ралев и Маркова Данева да си дадат оставки на позициите веднаш и да не ги злоупотребуваат раководните позиции во своите матични факултети во политички цели.
Тоа е политиката на Ковачевски. Злоупотреби и кршење на закони уште од прв ден“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата
Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.
За да избегнете сообраќајни казни и прекршоци, од АМСМ велат потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања:
– Возила до 3.500 кг: потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.
– Возила со погон на сите тркала (4х4): зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег.
– Возила над 3.500 кг: зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег.
Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег, информираат од АМСМ.
Македонија
Времето денеска сончево, со температури до 19 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 15 до 19 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.
Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели.
Во објавата, Лога се извини на сите што можеби се почувствувале повредени од негов збор или однесување, нагласувајќи дека секогаш ги кажувал своите ставови без да ја пресметува цената.
Тој потсети дека бил генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијансата за Албанците, и им се заблагодари и на гласачите на Европскиот фронт и Националната алијанса за интеграција.
Лога зборуваше и за своето семејно и политичко потекло, опишувајќи ја средината во која израснал, обележана со притисоци и прогони во поранешниот југословенски систем.
Во пораката наведе дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани и повика на заедничка одговорност во градењето на земјата.
На крајот, Лога порача дека ќе остане меѓу граѓаните, но отсега на послободен и независен пат, како што рече, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.

