Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога се работи за безбедноста на граѓаните, Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС – се максимално ангажирани
„Јавноста беше сведок на негрижата на Ковачевски и Спасовски за безбедноста на граѓаните. Додека со месеци наназад надлежните институции предводени од Ковачевски и Спасовски мува не ги лазеше за дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени објекти, сега максимално ги ангажирале капацитетите на МВР за обезбедување на објектот каде што СДС држи партиска трибина“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „ова е уште еден доказ дека е допрено дно во безбедносен систем , а МВР е ставено во улога на партиска полиција“.
„Кога се работи за безбедноста на граѓаните Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС тогаш се максимално ангажирани. Се надеваме дека СДС во наредниот период почесто и на повеќе локации ќе организира партиски настани со цел граѓаните да бидат побезбедни“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

