Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата има заштитник во Спасовски, некои од криминалните кланови не се на листата „Безбеден град“
Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот, затоа се случуваат и убиства, кои остануваат нерасчистени, затоа се краде оружје од полициски депоа, затоа се дава оружје на безбедносно ризични лица, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мафијата има заштитник во врвот на МВР. Цела недела Спасовски молчи зошто на списокот ‘Безбеден град’ од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес.
Дали на списокот „Безбеден град“ намерно се врши селекција кои криминални групи ќе бидат опфатени, а кои не? Дали одредени криминални групи се штитат од Спасовски? И дали борбата со криминалот е опструирана од МВР? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?
Дополнително, дури и за лицата опфатени на оваа листа постои сомнение дека се привилегирани од Спасовски и МВР. Спасовски должи одговори и како е можно МВР по скратена постапка да дава дозволи за оружје на лица од овој список? И дали е дадено дозвола за оружје на човек во првите пет од оваа листа?“, прашуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

