Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: МВР ќе плаќа една третина поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски
МВР ќе плаќа една треина поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„3,3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4,5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и ‘Индустри сервис’. Наместо подобра услуга, полицајците добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав на полицајците, „Индустри сервис“ ќе им сервира гулаш и грав од конзерви.
„Индустри сервис“ не е производител на храната што ја понудил, туку препродавач. Оштетени се полицајците и сите вработени што јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на „Индустри сервис“. Понудена е храна што ја нема пазарот, избраната понуда има неправилно пополнета техничка спецификација.
Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало „Индустри сервис“, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен-темелник на фабриката на истата компанија.
Дали блискоста на Спасовски со сопственикот на „Индустри сервис“ е причината поради која МВР ќе плаќа една третина повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат“, додаваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

