Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Многу ни е жал што СДС нема отчет за ниту една општина, ако имаа ќе можевме да се споредиме
Многу ни е жал што СДС нема отчет за ниту една општина каде се власт. Нема отчет ниту за Центар, ниту за Струмица, ниту за Делчево, Берово и останатите општини. Ако имаа отчет ќе можевме да се споредиме во сработеното, наместо да се служат со лаги и манипулации, реагираат од страна на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Васко Кичевски од СДСМ.
„За она што не е сработено за Град Скопје може да и се обратат на Данела Арсовска на една од многуте тајни средби кои ги имаат каде и даваат поддршка. Токму нејзината неработа е главната причина за губење на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Причината зошто СДС се насочува кон Град Скопје а не општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е поради тоа што и СДС знае дека во тие општини има сработено многу проекти“, се истакнува во реакцијата.
Што се однесува за сработеното на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата велат дека тоа го потврдуваат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, а се во износ од над 120 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

