Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо суштински проекти, најголем дострел за Шилегов е промоција на автобуска постојка и садење зумбули

Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи на суштински проекти за граѓаните, станува градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, садење зумбули и темјанушки и потпишување меморандуми за соработка, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но зад потпишувањето на меморандумите за соработка за времено користење автобус на гас и на електричен погон со компании се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка и директно однапред прејудицирање, доколку во понатамошна постапка има тендерски процес, кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.
Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или, пак, доколку е сигурен дека ќе победат, дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?
Можеби, пак, целокупниот процес на потпишување меморандуми претставува само залажување на јавноста дека би можело да се набават автобуси.
Што се однесува за субвенциите за велосипеди, Шилегов оваа година ги намали и субвенциите за велосипедите и од минатогодишните 4.000 денари за велосипед, оваа година предвиде 3.000 денари за велосипед.
На крај, добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка „ауди“ кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Кој лаже, МВР или градоначалникот Шилегов?“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден, наместо расчистување, добија закани од власта

Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион.
Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставиле и до директорот на Јавното комунално претпријатие во Илинден, Борче Мицановски со барање за итна интервенција.
„Наместо брза реакција, расчистување на депонијата и обезбедување на просторот, директорот на јавното претпријатие, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се заканил на кандидатите за советници дека ќе ги пријави за „намерно потпалување“ на депонијата. Овој скандалозен однос е јасен доказ за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ но и на стравот дека ќе бидат казнети од граѓаните. Наместо да ги заштитат граѓаните и нивното здравје, наместо да работат и веднаш да преземат мерки во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со закани и обвинувања некого ќе замолчат или дека ќе побегнат од одговорноста. Ниту СДСМ ниту кандидатите за советници нема да молчат, гласно ќе зборуваат за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден и ќе бараат решенија“, велат од партијата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 30 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот.
Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди за безбедност, квалитет и функционалност.
„Нашата цел е јасна: да создадеме простори каде што младите ќе поминуваат квалитетно време, ќе се занимаваат со спорт и ќе растат здрави. Овие инвестиции се инвестиции за иднината на нашите генерации,“ – истакна градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.