Македонија
ВМРО-ДПМНЕ најавува унапредување на условите за следење на настава на учениците
Во изминатите години значително е подобрена образованата инфраструктура, изградени и доградени се 74 основни и средни училишта, извршена е санација и реконструкција повеќе од 400 основни и средни училишта и изградени се 98 спортска сала, а од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека нема да застане тука и ќе продолжи да инвестира во образованието.
„Во таа насока во тек се јавните повици за изградба на објекти на три нови училишта. Станува збор за изградба на нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром со површина од 2100 м2 и капацитет од 600 ученици, инвестицијата е околу 1,2 милиони евра. Дополнително по изградбата на новиот училишен објект ќе се започне и постапка за изградба на спортска сала во рамки на ова училиште“, рече Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Појасни дека нов објект ќе добие и ОУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кое што ќе биде со површина од 2.840 квадратни метри и наменет за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Инвестицијата вредна 1,2 милиони евра.
Третиот јавен повик за прибирање на понуди за доградба на училници и дополнителни простории за потребите на подрачното основно училиште “Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.
„Дополнително во моментов се одвива и реконструкција на три училишни објекти на основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино каде се поставува систем за греење, основното училиште “Кирил и Методиј“ во Велес, каде се врши рехабилитација на фасадата и подовите и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга, каде се реконструираат санитарните јазли. Вкупната инвестиција е во вредност од 11,3 милиони денари“, рече Муцунски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

