Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На статистиката на СДСМ и се кратки нозете

СДСМ ги фризира податоците со висината на просечната плата и менува статистичка методологија само за да покаже некаков успех, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението како реакција на информациите што ги соопшти СДСМ во врска со висината на просечната плата.
„За жал успех нема. Економијата тоне, трошоците за живот растат, растат цените, стандардот опаѓа и граѓаните осиромашуваат. Тоа е она кое што граѓаните го гледаат секој ден. Манипулациите на СДСМ не поминуваат. Впрочем најдобар одговор за оваа весела математика и статистичкa вратоломниa на СДСМ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата што е доказ дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира. Доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот. Податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година“, реагира најголемата опозициска партија.
Тие сметаат дека ова едноставно значи дека со растот на платите треба да расте и приливот на средства од персонален данок во буџетот, а според нив, гледаме дека тоа не се случува и истиот останува непроменет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.
Македонија
Задутре времен застој на ГП „Делчево“ заради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.