Македонија
ВМРО-ДПМНЕ на трибина заклучи дека власта ги нарушила националните интереси и повика на одговорност
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибина повика на одговорност и ја обвини власта дека ги нарушила националните интереси во преговорите со Бугарија.
Портпаролката на опозициската партија Марија Митева рече дека власта одбила експерти на ВМРО-ДПМНЕ во тимот на надворешни работи, затоа што ќе се откриело за што преговараат со Бугарија.
„Причината поради која што се случуваат сега овие какафонични изјави лежи во тоа што планот на Социјалдемократскиот сојуз по однос на предлогот бил малку поразличен од тоа што сега се обидуваат да го презентираат во јавноста. Односно, при оние телефонски разговори или договарања јасно кажале дека ги прифаќаат сите услови кои што се предвидени во предлогот само да се отпочне првата меѓувладина конференција. Со тоа што од Социјалдемократскиот сојуз се надевале дека истиот ќе биде брзо изгласан во бугарското Собрание. Но, меѓутоа во бугарското Собрание состојбите тргнаа во друга насока, имено му се изгласа недоверба на премиерот Петков, И заради тоа имаше повеќе време јавноста да се запознае со предлогот кој што всушност Ковачевски, Бујар Османи и Маричиќ сами го договарале и го создале“, истакна Митева на денешната трибина насловена „Ќе има ли владина одговорност за трајното нарушување на националните интереси?“.
Митева рече власта се обидувала да го сокрие предлогот од јавноста.
„Времето е најдобар показател за состојбите, па чувствувам обврска да ги потсетиме граѓаните дека како политичка партија понудивме четири тима во четири клучни области, меѓу кои една од нив беше и надворешната политика каде што луѓе се добри познавачи на надворешната политика ќе бидат дел и ќе помогнат на оваа Влада во преговорите. Меѓутоа од денешна перспектива можеме да заклучиме зошто истиот беше веднаш одбиен, најверојатно од власта не сакале одблиску да ги видиме состојбите за што тие лично преговараат и договараат“, заклучи Митева.
Таа посочи дека националните интереси се нарушени од страна на власта и своите соговорници ги запраша кои се можните решенија што Македонија треба да ги преземе за да ги подобри преговарачките позиции и да ги поткачи на едно прифатливо ниво за разлика од тоа на кои позиции е денес државата.
„Тоа што е карактеристика на Владата на СДСМ и ДУИ е што тие почетокот на преговорите со ЕУ и тој фамозен датум не го претставуваа само како свој политички приоритет туку го претставуваа и го издигнаа на едно ниво на фаталност. Од самиот момент ние имаме реклами за ЕУ, имаме референдум на кој што едно од прашањата е дали сакате да го усвоиме тој и тој договор со цел да станеме членка на ЕУ, имаме фотографија од премиерот, од Бујар Османи и од клучните актери кои што ја соопштуваат на јавноста како историски успех за патот на Македонија кон ЕУ и дека сме добиле датум. Па дури и имавме разно разни билборди за бесплатно здравство, бесплатни вакцини, бесплатно образование во ЕУ за секого итн.“, потсети Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски посочи дека новиот концепт треба да биде инклузивен и доколку се случи смена на премиерот со сегашното мнозинство или смена на премиерот и неговиот тим преку нови избори со ново раководство и ново мнозинство кое што би добило доверба од граѓаните, тогаш треба сите партии без разлика кој е на власт и кој е на опозиција заеднички да одговорат на прашањето врз основа на податоците кои што ги има во телеграмите на МНР, кога ќе се случи следното полноправно членство и проширување на ЕУ.
„Мора да се стави крај на фаталистичкиот однос. А, кон фатализам посегаат или не се имуни на фатализам фрустрирани политичари, политичари кои го гледаат сопствениот, а не државниот и националниот интерес, политичари кои политиката ја сфаќаат како бизнис сфера, политичари олигарси, политичари кои се уморни веќе од товарот на моќта мислам особено на политичарите кои што произлегуваат од ДУИ. И тука би ги спомнала и политичари кои ЕУ ја доживуваат како Ел Дорадо, како совршена заедница догма иако врни политиколози зборуваат за проблемите внатре во ЕУ“, појасни Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа потсети дека сегашната власт ги доби претседателските избори, парламентарните избори па дури и се обидуваше на локалните избори со реториката за ЕУ и Брисел, дека Македонија само што не добила датум.
„Во контекст како понатаму, јас сметам дека Македонија сама по себе претставува сопствен автентичен вредносен систем со сите недоследности, со сите слабости, цивилизациски градени низ вековите, хармоничен спој на просторот и времето и сега го имаме како таков. Тој не е идеален, и има многу проблеми, но проблемите произлегуваат од тоа кога политичката интерпретација навлегува во категории во кои што не е дозволено политиката да ги интерпретира. Тука е проблемот. Ние мораме да го надградуваме нашиот македонски вредносен систем. Мораме да создадеме амбиент и тоа во институциите, да продолжиме со стриктна поделба на власта – претседател, извршна власт, законодавна власт и судска власт. Реформи се потребни во правосудството, во здравството, градење на економскиот систем во смисла на нова инфраструктура. И сето тоа претставува наша македонска автентична домашна задача и таа мораме да си ја сработиме“, нагласи Марјан Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека целта на Македонија е наградување на вредносниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

