Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори што треба да се одржат во април годинава. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на политичките противници им порача жесток пораз.
„Ќе одиме на избори и жестоко ќе ве поразиме од прв до последен. Македонци, да си ја вратиме државата. Оваа темнина ќе заврши, ВМРО-ДПМНЕ е народот, а народот е Македонија“, рече Мицкоски.
Тој ја обвини власта дека го користи целиот свој недемократски потенцијал да победи на наместени избори.
„Па, затоа, тргнаа пред претседателските избори да вработуваат, да удомуваат, да корумпираат, малку од малку да купат мир во своите редови затоа што ветуваа многу. Но, залудно е, тоа нема да им помине ниту, пак, нови избори што ќе ги наместат ќе им поминат. Ниту сите овие аналитичари, поранешни помилувани политичари, кога викаат дека ВМРО ќе бојкотира, нема да бојкотира ВМРО. Со сите неправди и со сите злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’, ќе ве растури на претседателските избори, така што нема да знаете што ве снашло“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

