Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството сѐ уште не го повикало Курто Дудуш за исказ
Седми ден нема разврска за случајот со насилникот градоначалник Курто Дудуш. Зоран Заев и Јавното обвинителство го штитат градоначалникот пулен Курто Дудуш за кој целата јавност слушна како малтретира и се изживува врз човек во неговата канцеларија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Седми ден, иако Јавното обвинителство има материјален доказ што го слушна целата македонска јавност, не го вика Дудуш за да земе исказ од него ниту, пак, од другото лице што се слуша во аудиозаписот. Седми ден Јавното обвинителство, наместо да го гони Дудуш за изживувањето, истражува за тоа дали снимката е легална или не.
Да беше Македонија правна држава и со неа да не управуваше оваа криминална влада, досега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвинува дека Зоран Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го забошотат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност.
„Вчера, на собраниска седница им се гасеа микрофони на пратеници кога сакаа јавно да зборуваат за случајот.
Срамно и недозволиво е власта да ја држи јавноста во мрак, а институциите во грч, само за Курто Дудуш да не оди во затвор. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека јавноста го следи случајот и дека нема да биде заборавен. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека одговорност ќе има како за Дудуш така и за луѓето од власта што го затскриваат случајот“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

