Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за неприсуството на функционерите од власта на отворањето на културниот клуб во Благоевград е понижувачка
Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија. Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.
Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси“ велат од партијата.
Исто така додаваат дека наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал.
„ Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство. За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

