Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по состанокот на партискиот Централен комитет.
Тој изрази и очекување оние кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставки бидејќи не добиле поддршка од народот да го менуваат името на Македонија.
„Од пратениците кои гласаа очекуваме да си поднесат оставка. Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството“, додаде Николоски.
На денешниот Централен комитет партијата ги разреши од функциите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет, Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите. Партијата поднесе барање за исклучување за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

