Македонија
ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Арсовска: „Таа е виновна за хаосот во Град Скопје“
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментираше случувањата во Град Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат.
Митева укажа дека за се што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.
„Додека СДС, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови. Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија. Она што факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

