Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Поради неминовниот пораз, СДСМ шири говор на омраза и антисемитизам
СДСМ во паника од неминовниот изборен пораз шири говор на омраза и антисемитизам. Нападите на функционери на СДСМ кон министерката во МТСП, Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка е еклатантен пример за говор на омраза, регираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во стилот на нацистите на Хитлер, повика Рашела Мизрахи да биде обележана со давидова ѕвезда затоа што е Еврејка. СДСМ повикува на обележување и линч на македонските евреи како Рашела Мизрахи.
Активистката на таканаречената шарена револуција Видана Бошкова Мицевска во стилот на Смаиловиќ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија, а Рашела Мизрахи Еврејка која соработува со нацистите.
Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните.
Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој. Затоа бараме итно извинување од СДСМ и Зоран Заев за говорот на омраза на нивните функционери. Ова ли е општеството на еднакви граѓани за кои лажеше Заев. Заев и СДСМ под итно да престанат со говорот на омраза.
Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата. Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ
Ваквата политика на поделби ќе биде поразена на изборите на 12 април.
Политиката на поделби е резултат на нервозата и стравот од пораз. Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев“ се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

