Македонија
ВМРО-ДПМНЕ сака прием во НАТО без штетни договори за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ потсети денеска дека новата влада предводена од СДСМ треба да го оствари ветувањето за брз прием во ЕУ и НАТО без притоа да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ.
„Без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, СДС(М) има обврска да не ги повтори грешките со изневерените очекувања, како при ветувањето за еден вработен од секое семејство“, стои во реакцијата на оваа партија.
Инаку, и ВМРО-ДПМНЕ во сите свои изборни програми ветуваше дека ќе работи на прием во ЕУ и НАТО, а изминатите десет години ја оддалечи Македонија од евроинтеграциите како никогаш досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга.
Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува.
Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под.
Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот.
Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција.
Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.
Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)