Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствено го почна автопатот Велес-Прилеп и не го доврши
ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавата на СДСМ за градење патишта, и велат дкеа единствено по кое се запаметени од граѓаните е започнувањето на изградбата на автопатот Велес-Прилеп, кој никогаш не го довршија.
„За разлика од времето кога СДСМ беше на власт, денеска како никогаш порано се инвестира во изградба на нови патишта и автопати низ целата држава. Во моментот се одвива изградба на повеќе автопати истовремено, во изградба се автопатите Демир Капија–Смоквица, Миладиновци-Штип, Кичево-Охрид, Смоквица-Гевгелија и Куманово-Миладиновци. Дополнително во тек е и реконструкција на повеќе регионални патишта, како што се, Битола–Ресен–Буково, Бошков мост–Дебар, Кочани–Делчево, Опае–Бељаковце–Станичиќ и уште многу други низ целата држава. Во наредниот период е планирана изградбата и на повеќе експресни патишта, Штип–Кочани, Ранковце–Крива Паланка, Штип–Радовиш, Битола до Граничен премин Меџитлија и други“, велат од ВМРо-ДПМНЕ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

