Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ жали што на законит начин е сменет некадарен партиски директор на градинка
И по 120 дена ниту еден градоначалник на СДСМ и ДУИ не излегоа со отчет за сработеното, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо тоа СДСМ денес најави скандал, а во реалноста не видовме ниту жижалица, а не пак петарда или бомба. Видовме како СДСМ жали што на законит начин е сменет некадарен партиски директор на градинка од овластен ревизор. По теркот на тоа што сме навикнати од СДСМ денес не видовме како некој договара бизнис од 200 илјади евра како што тоа пред камера го правеше лидерот на СДСМ Зоран Заев, евро за него евро за вицето. Не видовме ниту грабање на туце пари како што тоа го направи директорот на власта Ден Дончев кој го пуштија да избега. Не видовме ниту договарање и продажба на софтвер сам на себе како тоа што го правеше Рашкоски“, реагираат од опозициската партија на одржаната прес-конференција од страна на СДСМ каде беа изнесени информации за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба.
„Видовме бајат случај, каде СДСМ се жали што е сменет директор нивен партиски кадар кој несовесно си ја работел работата. Истиот тој ревизор за кој СДСМ вели дека е спорен бил претходно ангажиран од нивниот градоначалник Борче Горгиевски за кого исто така правел ревизија. Притоа СДСМ жали за тоа што е сменет нивен партиски кадар од позицијата директор, а не ги кажува прекршувањата на правилата, престапите и злоупотребите што биле правени од истиот тој директор. Ова не е ништо другу туку дефокус од актуелните скандали за претходниот кадар на СДСМ и градоначалник на Гази Баба, Борче Горгиевски против кого има повеќе активни истраги и кривични пријави, и за кого и државната антикорупциска комисија побара да се поведе кривична одговорност за изградбата на парцелата на Електроелемент“, е истакнато во нивното соопштение.
Главната болка, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ е што за само 100 дена општината Гази Баба и градоначалникот Боби Стефковски отпочнал низа капитални проекти, и реализирал значајни градежни зафати со кои, како што велат, решава децениски проблеми за граѓаните на Гази Баба.
„Тоа нема да ги поколеба градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај силните опструкции од Централната власт да престанат да работат. Промените започнаа, и тие ќе донесат иднина“, стои во писмената реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Македонија
Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.
Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.
Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.

