Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави популизам и политика од Супер купот
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за правење популизам и политика со Супер купот со тоа што тврдела дека ќе пропадне, а потоа понудила решение. Во случајот, според ВМРО-ДПМНЕ, немало реален проблем.
Лука Кржаловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека јавноста конечно разбрала зошто Владата проценила дека ќе пропаднел Супер купот и како го спасила.
– Владата на големи звона објави дека ќе пропадне Супер купот бидејќи претходната влада не го подготвила добро, дека не инвестирала доволно и дека таа е соочена со голем предизвик од пропаѓање на супер купот. Попусто ПУИК одговараше дека над шест милиони евра се инвестирани и дека се е навреме завршено освен некои помали ситни работи кои се во тек. Сликата која Владата ја престави беше небаре се потребни уште 15 милиони евра за изградба на нова трибна, рече Кржаловски.
Посочи дека по 10 дена Владата објавила дека нашла соломонско решение, прво дека крупниот недостаток биле некои клими во износ од 115 илјади евра, а второ дека ПУИК од својот буџет да си ги обезбедел бидеќи ги имал во буџетот.
– Решението кое го понудила Владата на СДС и не е решение. Тие донеле одлука, па ја преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е правење на популизам и политика, а не реален случај каде постои проблем, рече Кржалоски.
Според него, СДСМ со случајот со Супер купот продолжува да ја потценува интелигенцијата на граѓаните како што правела додека била во опозиција, а следна приказна ќе биде изградбата на автопатиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

