Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Освен што СДСМ оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации
Денес е тешко да се СДС, од една страна Орбан ги попари нивните лаги дека наводно парите од Унгарија биле кинески, второ, се откри дека само СДС и ДУИ се радуваат од раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ,
„СДС доживеа пораз на отворена меѓународна сцена. Оваа партија освен што оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации кои денеска излегоа на површина и директно беа демантирани. И наместо да покажат ронка доблест и да се извинат на јавноста, тие продолжуваат по патот зацртан 2017-та година на лаги, измами и неморално однесување, патот кој на Филипче му го одреди неговиот духовен водач, Зоран Заев. Срамот и бламот на СДС кој денес стана очигледен дури и за оние шест посто преостанати нивни поддржувачи, е само проблем не само за нив туку и за цела држава, затоа што ефектите и последиците од тоа нивно срамно, корумпирано однесување на ниво на гејша која не и мисли добро на државата, сега кулминираат оставајќи ја државата и народот во една крајно сериозна ситуција“, посочуваат од партијата.
Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и сеопфатен план и ќе постапува согласно националните и државни интереси и нема да дозволи нови потценувања,
„Од понижувањата кои СДС и ДУИ ги приредија на народот и државата веќе на сите им е доста и видовме до сега што направија и во каков безизлез не одведоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

