Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува за ланскиот снег, Каевски е човекот со хациенда дивоградба, и дедо на функција кој има таен непријавен имот
СДС збори за ланскиот снег, додека директорите, министрите на власта како паразити се дограбени до позиции и места од каде печалат илјадници евра, додека не работат ништо, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Нема одговор, туку само признание од СДС дека директорите земале и по 7 илјади евра плата, додека народот работи по цел месец за 30 илјади денари просечна плата. Кога веќе сме кај Каевски прашањето е, кој го мести во партијата за да кажува такви невистини и манипулации.
Тоа е истиот човек кој направи хациенда дивоградба, а неговиот дедо Алберт Муслиу криеше таен и непријавен имот од државата.
За какви морални вредности зборува Каевски, кога неговиот лидер Ковачевски беше десетгодишен директор во Телеком каде платите се и до 7 илјади евра. Го праша ли Каевски колку Ковачевски земал од Телеком каде и државата именува членови на бордот на директори и каде државата има сопственост?
Паразитите Каевски да си ги бара во сопствената власт и во својот двор“ порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

