Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија образованието, ги оставија учениците без материјали и учебници
„СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници. Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците. Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Граѓаните одвај врзуваат крај со крај а владата нема стратегија за платите
Тоа што се случува и што се случуваше во текот на претходните денови е само уште еден доказ дека Владата апсолутно не е заинтересирана за стандардот на граѓаните и го остава на последно место, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Ете немало никаква конструктивна дискусија за минималната плата за време на состанокот на Советот. Се навлегува во некакви анализи, формирање на некакви комисии коишто сметам дека нека да дадат никаков резултат. Нема апсолутно никаква врска на кој начин се пресметува синдикалната кошничка кога луѓето кога одат во маркет да ги купат потребните продукти едноставно немаат доволно пари во паричниците. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Владата мора да се свесна дека е таа апсолутно виновна за тоа што стандардот на граѓаните постепено се намалува“, порача Филипче.
Според него, нема никаква стратегија на раст ниту на минималната ниту на просечната плата, а цените апсолутно неконтролирано растат.
Македонија
Мисајловски – Мелсом: Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана за нашата земја Кристин Мелсом со која разговараше за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот даде полна поддршка за реализација на започнатите проекти и порача дека македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата.
„Ви благодарам за вашата континуирана долгогодишна поддршка. Заеднички реализиравме многу проекти, но не застануваме тука – остануваме посветени во развојот на нови проекти вклучувајќи го и проектот за развој на цивилниот кадар чија реализација ќе започне во април годинава“, рече тој.
Двете земји соработуваат и во рамките на Балканските медицински наменски сили каде Норвешка е земја партнер и го поддржува развојот на медицинските сили. Во тој контекст, министерот Мисајловски изрази подготвеност нашата земја во 2026 година да биде домаќин на Комитетот на команданти на воено-медицинските сили на земјите на НАТО. Воедно беше потврдена соработката и во други области, како заедничко учество на вежби, соработка во доменот на односи со јавност, поддршка на РЦОЈ и АП Криволак, соработка меѓу воените академии и др.
Македонско-норвешката соработка во одбраната датира од 2008 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов двете земји работат на усогласување на Планот за билатерална соработка во одбраната за 2025 година.
Македонија
Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна
Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 153 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава“.
Ние денес, додава Филипче, треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија.