Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Скандали и неодговорност во МТСП

Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во МТСП откако со него управува СДСМ и Мила Царовска, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на министерката Мила Царовска.
„Од опозиција дадоа големи ветувања, од позиција на власт, ниту едно не остварија. Мила Царовска на денешната прес-конференција не кажа ниту збор до каде е социјалната помош од 12.000 денари, која ја најавуваше СДСМ дека ќе ја реализира уште во првите 6 месеци по преземањето на власта. Поминаа 10 месеци, а социјалната помош не се покачи ниту денар. СДСМ ги излажа граѓаните. Мила Царовска се фали со нови вработувања во детските градинки низ државата, а не спомна ниту збор за десетиците негувателки и вработени кои останаа без своите работни места по преземањето на власта од страна на СДСМ. 10 месеци СДСМ, 10 месеци катастрофални политики“, смета опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги спомена и случаите на силување на малолетни девојчиња во домот за деца „25 Мај“, за кои, како што вели, никој не понесол политичка одговорност.
„Мила Царовска се сокри зад наводна истрага која заврши со пониски структури во Министерството и без грам срам продолжи да го води МТСП. 10 месеци откако Царовска е на чело на МТСП, а не е реализиран ниту еден проект од корист за граѓаните. Само скандали, неработа, неодговорност и негрижа. СДСМ не знае да работи“, реагира опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)