Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со кого се консултирал Заев за отстапките кон Бугарија?
Со кое право Зоран Заев се договара да ги менува историските учебници, прашаа денес од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи му на новиот премиер и лидер на СДСМ дека СДСМ не е опозиција и треба да даде одговори на дилемите околу неговата посета што, според нив, го вознемируваат македонскиот народ.
Дали СДСМ ги консултираше историчарите во однос на прашањето на заедничка историја? Дали СДСМ и Зоран Заев сметаат дека Македонија нема своја сопствена историја? Дали Зоран Заев се договорил високите бугарски претставници да дојдат на Илинден за да ни го честитаат празникот како гости или тие доаѓаат на заедничка прослава без признанието дека Илинденското востание е автохтоно и македонско, се прашањата што ги поставија од оваа партија.
„ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање како што е склучувањето на договорот со Бугарија.ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија“, стои во реакцијата на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

