Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кој три пати беше амнестиран за милионски криминал сега ја укина правната држава
Зоран Заев и Владата на СДСМ се синоним за рекет, корупција и криминал. Eдинствено нешто што јавноста го виде од Зоран Заев овие три години се афери и незаконско работење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Човекот кој три пати беше амнестиран за милионски криминал сега ја укина правната држава. Рекетарската банда на чело со амнестираниот Заев ја зароби државата и со неа сега владее мафијата.
3 години владеење на СДСМ, три години криминал и корупција, три години криминални афери кои кулминираа со најголемата криминална афера во македонската историја, аферата Рекет.
Главата на криминалниот октопод, Зоран Заев преку своите пипци навлезе во секоја пора на македонското општество, рекетираше милиони евра и уценуваше македонски бизнисмени, политичари, граѓани.
Сега гледаме дека Рекетот има и продолжение Рекет 2. Власта не само што рекетирала македонски бизнисмени туку ја злоупотребила својата моќ и влијаеле и врз странски инвеститори.
Претходно цела македонска јавност слушна како генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски договараше и местеше тендери, велеше „Leonardo will win“. Оовој случај како и претходните скандали не доби правна развршница.
Нема судска разрешница ниту за крвавите тендери на Венко Филипче кој дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер тежок 35 милиони евра. Предвесник на општиот гравеж кој го спроведува оваа криминална банда беше случајот со криманлните грантови од Фондот за инвоации.
Русковска и Јовевски се оние кои го амнестираат криминалот на власта, но никој не е вечен па така ни тие. Секој еден ќе одговара за своите постапка, за сторениот криминал. Кога оваа криминална власта ќе си замине ќе има разрешница и за рекетот и за случајот „Леонардо“, правда ќе има и за крвавите тендери во здравството и за криминалот со Фондот за иновации, а ќе одговараат и сите оние кои застанаа на патот на правдата“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

