Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шест години СДС и ДУИ не ставија тула на Клиничката болница во Штип
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/ahmeti-5.jpg)
Според ВМРО-ДПМНЕ, шест години СДС и ДУИ не ставија тула на Клиничката болница во Штип, која е оставена во напредна фаза на реализација.
„СДС и ДУИ шест години се изживуваат со штипјани и народот од истокот на Македонија, 6 години пациентите од истокот се лечат во лоши услови и не може да ја добијат Клиничката болница, која оваа власт ја наследи во напредна фаза и требаше година дена работа за да ја дозаврши“, истакнуваат од опозициската партија.
Додаваат дека СДС и ДУИ не ја довршија болницата, и ја оставија во состојба во која и ја затекнаа, без да продолжат со работа.
300.000 наши сограѓани, како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои гравитираат околу Штип, имаат полоши услови за лекување поради СДС и ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ и да ја видат на колена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/venko-filipche.jpg)
Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка.
„Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата. Ветувам дека силно ќе се спротиставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и на секому ќе му дадам глас. Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизивиците кои следат“, рече Филипче.
Додаде дека многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена и се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз.
„Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ќе се разочараат“, потенцираше Филипче.
Како што додаде, принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација се оние кои ќе ја одликуваат СДСМ под неговото раководство.
Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ ќе дејствува како силна опозиција којашто ќе се бори против лошите политики на власта и секогаш ќе биде гласот на разумот и на граѓанската волја која ќе биде заштитена доколку е погазена.
Скопје
Минатата недела санкционирани 203 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/poc-pajak.jpg)
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 203 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 24.07. до 30.07.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.
Македонија
Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/tabanovce.jpg)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, соопшти МВР.